Вејн Руни ќе биде новиот менаџер на Бирмингем сити?!

Вејн Руни/фото: EPA-EFE/Aleksandra Szmigiel

По 15 месеци соработка англискиот фудбалски клуб Бирмингем сити се раздели со досегашниот менаџер Џон Јустес.

Моментно по 11 кола во англискиот Чемпионшип Бирмингем е на шестото место со 18 бодови по победата од 3:1 во дербито против Вест Бромвич Албион.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни би можел да седне на клупата на Бирмингем.

Руни до сега го водеше американскиот МЛС клуб Ди Си јунајтед.

Пред да се пресели во САД, 37-годишниот тренер во периодот 2020-2022 го водеше Дерби каунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот