Вејн Руни ги критикуваше изјавите на капитенот на Ливерпул Ван Дајк

Вејн Руни/фото: EPA-EFE/Aleksandra Szmigiel

Вејн Руни, поранешниот фудбалер на Евертон и Манчестер јунајтед ги критикуваше изјавите на капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк по поразот во градското дерби.

Евертон победи со 2:0 на „Гудисон“ и на тој начин им зададе голем удар на надежите на фудбалерите на Ливерпул дека ќе стигнат до јубилејната, 20-та титула.

На четири кола до крајот, играчите на Јирген Клоп заостануваат три бода зад лидерот Арсенал.

По мечот, Вирџил ван Дијк се обиде да го оправда поразот од „Карамелите“, велејќи, меѓу другото, дека сега е време повторно да се „концентрира“ тимот на пресметката со Вест хем в сабота што ќе се игра од 12.30 часот.

– Извинете, но загрижувачката работа е тука, а мислам дека често се случуваше многу оваа сезона. Тој е капитен и зборува за тоа како Ливерпул е најпрецизен во таа борба. И повторно слушаме поплаки за тој термин од 12.30 часот, и тоа затоа што го загуби дербито! Па сега тој и сите од Ливерпул би требало да посакуваат да бидат на теренот утре наутро. Затоа што кога губите натпревар, особено дерби, сакате следниот натпревар да дојде брзо. Многупати сме слушнале од таборот на Ливерпул за тие натпревари од 12.30 часот. Прифатете го! Тоа е дел од вашата работа, тие треба да бидат подготвени за тоа – објасни Руни.

Не само Ван Дајк се пожали на натпреварот во саботата во тој момент, туку и менаџерот Јирген Клоп.

– Мораме да се опоравиме психички и физички и повторно да играме во сабота од 12.30 часот. Ќе биде тешко, сите знаеме, но мора да бидеме подготвени – изјави Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот