Обложувалниците „горат“: Вечерва е Супербол, а сите се прашуваат нешто друго: Дали Келче ќе ја запроси Тејлор Свифт?

Фото: Patrick Smith / Getty images / Profimedia

Необичните понуди во обложувачниците на големите спортски настани не се ништо ново, но голем број спортски обложувалници одлучија малку да се забавуваат со новата жешка двојка Тејлор Свифт – Тревис Келче, откако Канзас Сити чифс обезбеди место во Супербол.

Едно од похрабрите обложувања го нуди ФанДуел Канада (FanDuel Canada), кој им овозможува на луѓето да се обложуваат на тоа дали играчот на Чифс, Тревис Келче, вечерва ќе ја запроси поп-ѕвездата Тејлор Свифт на Супербол.

Чивс ќе се спротивстават на Сан Франциско 49-ерс.

ФанДуел Канада понуди облог наречен „Дали Тревис Келче ќе го постави прашањето?“,  а пазарот е поделен на 70 отсто од оние кои мислат дека ќе ја запроси и 30 отсто дека нема да го направи тоа.

„Во ФанДуел Канада, ние секогаш бараме начини да ги задржиме нашите клиенти ангажирани во текот на важни моменти како што е Супербол“, рекол тимот на „ФанДуел Канада трендинг“ во е-пошта до Ројтерс.

Во БетУС нема недостиг од смешни облози поврзани со Свифт, вклучително и дали добитничката на Греми и Келче ќе ја објават својата прва бременост на Супербол.

БетУС исто така има обложувања за тоа колку пати Свифт ќе биде на екранот во текот на Супербол, дали таа и Келче ќе се бакнуваат по натпреварот и дали највредниот играч на Чифс ќе ја спомне во својот говор.

ФОТО | Бакнежи и прегратки среде терен: Гордата Тејлор Свифт му ја честиташе победата на саканиот Тревис Келси

Добредојде во клубот: Тејлор Свифт стана милијардерка на 33 години

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот