ФОТО | Бакнежи и прегратки среде терен: Гордата Тејлор Свифт му ја честиташе победата на саканиот Тревис Келси
Американскиот рагбист Тревис Келси и неговиот тим Канзас сити чифс стигнаа до финалето на Националната фудбалска лига во САД, познато како Супербол.
Препорачано
Ова значи дека неговата девојка, познатата пејачка Тејлор Свифт, ќе треба да биде на релација Токио – Лас Вегас доколку сака да му даде поддршка за време на Супербол. Да потсетиме, Свифт е на својата концертна турнеја „Ерас“ и на 10 февруари ќе одржи концерт во Токио, Јапонија, а Супербол ќе се одржи на 11 февруари, на стадионот Елиџент во Лас Вегас, Невада.
По последната победа на Канзас сити чифс, Свифт излезе на теренот и ги сподели моментите на среќа со својот сакан, пренесува „Дејли мејл“.

Веќе е познато дека пејачката доаѓа да му даде поддршка на своето момче, па сега камерите го следат секое нејзино движење во близина на теренот.
Најпознатата американска двојка си разменила нежности пред сите, што ги воодушеви обожавателите ширум светот. Дефинитивно, ова е една од оние љубови за кои сите навиваат за да успеат.





