Добредојде во клубот: Тејлор Свифт стана милијардерка на 33 години

Фото: Shanna Madison / Zuma Press / Profimedia

Тејлор Свифт постигна уште еден голем успех во својата богата кариера – стана милијардерка, се вели во анализата на „Блумберг“.

Издавачката куќа, која го води индексот на милијардери на Блумберг, рече дека нејзината вкупна нето вредност сега изнесува 1,1 милијарда долари, благодарение на рекордната турнеја „Ерас“, која помогна да се зајакне американската економија ова лето, пишува „Си-ен-ен“.

Блумберг утврди дека Свифт е една од ретките уметнички кои достигнале статус на милијардер само врз основа на нејзината музика и концерти.

Крис Лејден, директор за маркетинг во „СитГик“ (SeatGeek), претходно изјави за „Си-ен-ен“ дека „турнејата на Тејлор Свифт повторно ја испишува книгата за економијата на забавата“.

„Таа не е само изведувач – таа е економски феномен“, рече Лејден.

Покрај стадионите, Свифт доминираше и во кината. Во првиот викенд, нејзиниот концертен филм „Тејлор Свифт: Турнејата на Ерас“ заработи околу 96 милиони долари на кино благајните во Соединетите Американски Држави и Канада, што го прави концертен филм со најголема заработка на домашен терен во неговиот премиерен викенд.

Свифт дури ја зголеми продажбата на билети за натпреварите во НФЛ. Всушност, веста дека таа ќе дојде на натпреварот на 1-ви октомври за да ја види ѕвездата на Канзас Сити Чифс, Тревис Келче, предизвика зголемување на цените на билетите за повеќе од 40 отсто – од 83 на 119 долари.

Пејачката стана културен феномен, што дополнително го зголеми нејзиното економско влијание. Во градовите каде што настапуваше Свифт, бројот на патници во јавниот превоз нагло порасна, како и пополнетоста на хотелите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот