Вечерва дијалог со репрезентативните синдикати, Тренчевска не знае дали СОНК се поканети

Јованка Тречевска, Министерка за труд и социјална политика/Фото: Скриншот

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска најави дека денеска во Владата на иницијатива на вицепремиерот Фатмир Битиќи започнуваат дијалог со репрезентативните синдикати за подготовка на Општ колективен договор за јавниот сектор.

– Во рамки на Општиот колективен договор ќе ги решиме сите прашања. Нашето решение кое го дадовме до СОНК е решение кое што најмногу одговара во овој момент и жалам што и по вчерашниот состанок Советот на СОНК не донесе одлука да го прекинат штрајкот и учениците да се вратат во училиштата, а децата да се вратат во детските градинки, рече Тренчевска при денешната посета на Сојузот на здруженија на пензионери.

На новинарско прашање дали и СОНК ќе бидат вклучени во овие преговори во Владата, Тренчевска потврди дека таа и министерот за информатичко општество и администрација ќе учествуваат и оти нема информации кои се поканети од синдикатите.

Во врска на вчерашното барање на СОНК за нов колективен договор за детска заштита и колективен договор за основно и средно образование, министерката Тренчевска рече дека колективен договор за детска заштита постои, но истекува на 28 јуни и посочи дека ќе ги започнат преговорите за нов општ грански колективен договор.

– Колективен договор за детска заштита постои, но истекува на 28 јуни и секако ќе ги започнеме преговорите за нов општ грански колективен договор. Меѓутоа, во меѓувреме сигурно ќе биде донесен општиот колективен договор за јавниот сектор врз основа на кој ќе го усогласиме гранскиот за детските градинки, рече Тренчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот