Ве стегаат новите чизми? Овие четири одлични трикови ќе ви помогнат да ги разгазите и да ги прилагодите на својата нога!

Едвај ги дочекавте ладните денови со гордост да ги прошетате вашите нови чизми? Ги облековте излеговте од дома, а веднаш потоа започна пеколот?

Неразгазените обувки направени дури и од најмекиот материјал понекогаш се толку тврди и неудобни што веднаш ќе посакате да ги соблечете. Како да ги разгазите тесните чизми и да избегнете создавање на плускавци и рани?

Прилагодувањето на чизмите на нозете е полесно отколку што мислите. Постојат повеќе начини да го направите тоа, но имајте во предвид дека сепак не можете да направите чудо, доколку лошо сте процениле при купувањето и сте земале помал број. Преголемото растегнување ќе доведе до деформација или пукање на кожата, а тоа никако не го сакате.

Користете спреј или регенератор на база на масло

Постојат спрееви создадени да ја омекнат кожата, но доколку тоа за вас е преголема инвестиција, послужете се со регенераторот на база на масло. Можете да искористите и некое друго природно масло, како маслиново, кокосово, чиково масло… втријте го од надворешната страна на чизмите и оставете го кожата да го впие. Маслото ќе помогне кожата да се опушти, да омекне и да се растегне.

Калап за обувки

Калапите за обувки се вметнуваат во обувката и се оставаат неколку часа да ја развлекуваат кожата, особено во подрачјето кај прстите. Ако вашата чизма ве стега околу зглобот или листот, постојат калапи кои и тоа можат успешно да го регулираат. Доколку планирате да користите специјален калап, бидете внимателни да не ја оштетите кожата.

Загревање на кожата

Доколку ја загреете кожата, таа полесно ќе се развлече. Ставете го фенот во внатрешноста и почекајте тие да се вжештат. Потоа во чизмите вметнете стари пешкири или купче весници, со цел да го задржат обликот. По неколку часа, повторете ја постапката доколку има потреба. Чизмите немојте да ги греете од надворешната страна бидејќи високата температура може да ја оштети кожата.

Мраз

Наполнете мали кесички со вода заврзете ги добро и ставете ги во чизмите. Потоа чизмите ставете ги во замрзнувач. Водата при ладењето ќе се шири, а мразот полека ќе ја растегнува кожата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот