Ве мачи несоница? 7 намирници и пијалаци кои изненадувачки предизвикуваат проблеми со спиењето

несоница
Фото: Профимедиа

Не пиете кафе шест часа пред спиење, ги исклучувате сите уреди, ја затемнувате просторијата, го исклучувате греењето, но сепак не можете да заспиете? Можеби занемарувате одредени аспекти од вашата исхрана, велат експертите за спиење.

Лекарите споделија со „Хафингтон пост“ листа на намирници кои секој што страда од несоница треба да ги избегнува.

Тоа се следниве намирници:

– зачинета храна

– пица (или што било со домати)

– плескавици

– сладолед

– млеко

– ароматизирана вода (ако содржи кофеин)

– чај од нане

Што да се јаде наместо „забранета“ храна?

Држете се до сложените јаглехидрати богати со влакна како што се кафеав ориз, леќа, леб од цело зрно пченица, заедно со немрсни протеини како пилешко и риба.

– Сите овие намирници се пријателски за дигестивниот тракт, што значи подобар сон – објаснил д-р Рај Дасгупта.

Времето на одење на спиење е, исто така, важно. Колку е поблиску до спиењето, толку оброкот треба да биде помал. Ноќната ужина треба да биде под 300 калории.

– Грст јаткасти плодови е добра ужина бидејќи содржи влакна и незаситени масти – советува д-р Абхинав Синг.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот