Дали знаете кои две намирници го подобруваат сексот?

Бакнеж, секс
Фото: Profimedia

Некои прехранбени производи и секојдневни намирници ја поттикнуваат желбата за секс, а воедно го подобруваат и сексуалниот живот. Меѓу нив е и цвеклото.

Богато со антиоксиданти и витамини, цвеклото содржи и одредена количина нитрати, што го прави корисен сојузник за подобар сексуален живот. Нитратите од сокот од цвекло, на пример, помагаат во регулирањето на крвниот притисок, што може да биде полезно за луѓето со низок или премногу висок крвен притисок.

Подобриот проток на крв, пак, значи и поголема издржливост во сексот, но и за општото здравје на срцето.

Цвеклото значително го зголемува нивото на азотен оксид во телото, што помага и за здравјето на срцето и за сексуалната благосостојба. Тоа е затоа што азотниот оксид ги релаксира вашите крвни садови и го подобрува протокот на крв, што значи дека може да им помогне и на мажите со ерекцијата. Уште подобро е кога е ферментиран, бидејќи вашиот вагинален микробиом ќе ги користи придобивките од бактериите на лактобацилот.

За дополнително и поинтензивно задоволство, се препорачува и темно чоколадо. Тоа е богато со флавоноиди – антиоксиданти што, исто така, придонесуваат за подобра циркулација, но и за поинтензивен оргазам, велат стручњаците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот