ВИДЕО | Маж зависен од јадење стакло: „Кога гризам чаша, чувствувам топлина…“

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Кога луѓето имаат некаков вид на зависност од храна, би очекувале тоа да биде зависност од брза храна, десерти или барем нешто што може да го најдете во супермаркетите. Но, за 27-годишниот Џош тоа не е така. Тој гостувал во емисијата „Моите чудни зависности“ каде објаснил зошто ужива да јаде стакло, пишува „Ледбајбл“.

„На почетокот беше малку страшно, но потоа кога сфатив дека не ми прави никаква штета, стана многу полесно“, рекол тој.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Кога неговата свршеница Натали првпат го видела како јаде стакло, таа мислела дека е лажна. Но, кога дознала дека се работи за вистинска, се вознемирила и исплашила.

„Кога гризам чаша, чувствувам топлина, малку ме пече. Обично кога барам чаша за пиење, тоа се чаши за шампањ, чаши за вино или сијалици. Причината поради која ги избирам е што обично имаат потенко стакло“, објаснил Џош.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

„Џвакањето само по себе звучи страшно во мојата глава. Но, навистина уживам во ова. Нема многу вкус, повеќе е прашање на текстура. Тоа е како да јадете ужасно тврди бонбони“, додал тој.

Иако Натали била загрижена за својот свршеник, тој ја уверил дека неговата зависност не му предизвикува болка. Сепак, признал дека неколку пати си ги пресекол усните и нашол парчиња стакло во непцата.

Иако, се труди да не го прави тоа, Џош рекол дека „е принуден“, да јаде чаши кога е во друштво на други луѓе и често го прави тоа на забави и во барови.

„Ги сакам реакциите што ги добивам од луѓето. Многу ретко го правам тоа кога сум сам. Претпоставувам дека повеќе од било што сум навистина зависен од вниманието“, заклучил Џош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот