Вчера биле пријавени пожари во стан во Скопје и во две куќи во Струга и Гостивар

pexels
Пожарникари/ Фото: МИА

Пожари се пријавени вчера во стан во скопски Карпош и во две куќи, во Струга и во Гостивар, но според Билтен на МВР, нема повредени лица, а материјалната штета дополнително ќе се утврди.

Во Полициска станица Карпош, вчера во 02.10 часот Д.Н.(63) од Скопје пријавил пожар во неговиот стан на подрачје на Карпош. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Во СВР Охрид, пак, вчера во 13.15 часот било пријавено дека во куќа на ул. „Ристо Крле” во Струга, сопственост на Ј.Р.(31), настанал пожар од кој биле опожарени повеќе простории во куќата. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Струга, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.

Пожар настанал и во куќа во гостиварско село Здуње, сопственост на Р.Ш, а бил пријавен вчера во 11.10 часот во Полициска станица Гостивар. Интервенирала гостиварската противпожарна единица, а увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот