Вазна со канабис оставена пред косовската Влада (ФОТО)

Едно лице било уапсено во четвртокот откако поставило вазна со засаден канабис пред објектот на Влада на Косово. Косовската полиција информираше дека лицето кое било уапсено е со ментална попреченост и му било препорачано лекарска контрола, јавува онлајн весникот Инсајдер.

– Уапсен е осомничен маж-Албанец, откако поставил вазна со засаден канабис. Направени се контроли во неговата локација каде имал уште 51 парче канабис. Осомничениот е со ментална попреченост и има документи од лекар. Со одлука на Обвинителот, осомничениот е ослободен со редова постапка и му се препорачува лекарска контрола, информираат од косовската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот