Фото: picpedia.org

Важен исчекор во откривањето на Паркинсоновата болест: Знаци пред да се појават симптомите

Научниците во Норвешка и Шведска направиле можен исчекор во тестовите за крв за откривање на Паркинсонова болест години пред исцрпувачктие симптоми на болеста да почнат да го земаат својот данок, пренесува „Сандеј гардијан“.

Истражувачите од шведскиот Технолошки универзитет Чалмерс во Гетеборг и норвешкиот Универзитет во Осло рекле дека откриле рани „биомаркери“ на исрпувачкото невролошко нарушување во крвта.

Откритието би можело да отвори клучни можности за идно лекување, но и за рана дијагноза преку крвни тестови, соопштил тимот.

Тие исто така забележале дека „не постои ниту ефикасен лек ниту утврден метод за скрининг“ за откривање на присуството на често фаталната болест „пред да предизвика значително оштетување на мозокот“.

Вообичаено, до моментот кога ќе стане очигледно дека личноста боледува од Паркинсонова болест, штетата е веќе направена, при што до 80 отсто од релевантните мозочни клетки „веќе се оштетени или исчезнети“, според истражувачите, чиј потенцијален пробив е објавен во списанието „нпј Паркинсонс дизис“, дел од групата на списанието „Нејчр“.

„Ова значи дека пронајдовме важен прозорец на можности каде што болеста може да се открие пред да се појават моторните симптоми предизвикани од оштетување на нервите во мозокот“, рече Аника Полстер од Чалмерс.

Оваа скандинавска студија е најновата од неколкуте објавени во последниве години кои укажуваат на „биолошки маркери на рана болест“.

Тим од Универзитетот Жеџијанг во Гуангжу открил во средината на 2025 година дека тестирањето на ушниот восок може да помогне во раното откривање, додека приближно во исто време научниците од Институтот Квадрам и Европската лабораторија за молекуларна биологија (ЕМБЛ) рекле дека откриле промени во цревниот микробиом кај пациенти со Паркинсонова болест кои би можеле да бидат поврзани со изложеност на пестициди.

Кон крајот на 2024 година, тим составен главно од научници од Универзитетот во Калифорнија се фокусирал на молекула за која беше откриено дека игра улога во почетокот на болеста.

А во 2021 година, група предводена од Универзитетот во Кембриџ изјавила дека пронашле „убедливи нови докази“ за „клучен протеин“ кој влијае на невроните.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот