Александар Васоски останува на клупата на ФК Академија Пандев/фото: facebook.com/FudbalskiklubSarajevo

Васоски не успеа во првенството, но ќе игра куп финале во БиХ

Александар Васоски, македонскиот тренер на Сараево на 19 мај ќе се бори за трофејот во Купот на Босна и Херцеговина, а во финалето противни му е Вележ Мостар.

Нашиот стратег ја загуби трката за шампионската титула во првенството, но има шанса сезонава да се закити со куп трофејот.

Во првенството неговите играчи имаат уште мечеви против Железничар, Широки Бријег, Слобода и Вележ Мостар.

На табелата Зрињски е на врвот со 76 бодови, пред Тузла сити (50), Борац Бања Лука (49), а трет е Сараево со 42.

– Финалето на Купот на БиХ е психолошки товар за секој играч, но тој притисок мораме да го насочиме на позитивен начин и тоа е нашата цел. Мораме да се фокусираме на теренот за натпреварот против Железничар да биде добра увертира пред финалето на Купот каде што треба да бидеме психолошки стабилни – вели Васоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот