Вархеји од Тирана: Членството доаѓа за западен Балкан, а Европската Унија е подготвена

Оливер Вархеји
Оливер Вархеји / EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Во сенка на тензиите меѓу Белград и Приштина денеска во Тирана почна состаникот од Берлинскиот процес. Пред почетокот на состанокот еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји порача дека Европската унија е подготвена за челнство на западен Балкан. Вархеји најави нов план за раст кој според него, треба да го забрза проширувањето со земјите од регионот.

„Главната порака е дека ова е јасен знак дека членството доаѓа за Албанија. Членството доаѓа за западен Балкан. Планот за раст кој ќе го објавиме за западен Балкан треба да го забрза итно проширувањето од 1 јануари идната година за да ги примиме новите земји – членки што можно побрзо. Ние сме подготвени.“ изјави Оливер Вархеји – Еврокомесар за проширување.

И шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок испрати силна поддршка за проширувањето на Унијата, а Берлин со големо внимание го следи процесот.

„Германската федерална влада има голема загриженост да се забрза интеграцијата на западен Балкан во ЕУ. Јасно е дека низ годините има голема фрустрација, особено кај младите луѓе кои својата надеж ја гледаат во Европа. Тука можеме да создадеме силен регион само преку безбедност, слобода и мирен соживот, изјави Аналена Бербок –Министерка за надворешни работи на Германија.

Македонија во Тирана е претставувана од шефот на дипломатијата Бујар Османи кој како што пренесуваат од македонското МНР, за време на состанокот истакнал дека внатрешната дебата на ЕУ за проширувањето е охрабрувачка, а во тој контекст и најавата за новиот план за раст на западен Балкан треба да биде насочен кон зголемена соработка со Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот