ФОТО: Вардарци не дозволија ново изненадување, совладан Елверум за прва радост во ЛШ по четири месеци
Ракометарите на Вардар конечно по пауза од четири месеци конелно ја запишаа втората победа во Лигата на шампионите. Вардарци го совладаа Елверум со 35:32 и не дозволија ново непријатно изненадување. На првиот натпревар кој се играше во неделата, Елверум се извади со гол во последната секунда. Ова беше втора победа за Вардар во Лигата на шампионите, откако во октомври минатата година го совладаа Флесбург, и фенерот во групата А му го препуштија токму на вечерашниот противник.
Почетокот на натпреварот беше речиси идентичен на првиот кој се играше во неделата, се играше гол за гол во воведните минути. Вардар имаше водство од 4:2 но норвежаните брзо успеаја да израмнат по што продолжи израмнетата игра во првите десет минути.
Вардар со головите на Георгиевски Калараш и Дибиров поведе со 9:6 во 14. минута, но Елверум по грешките на „црвено-црните“ одговори со серија од 0:4 од кои два гола даде во празната мрежа на вардарци и ја врати резултатската неизвесност, а потоа и да го сврти резултатот во своја корист (13:16,14:17). Во тие моменти, речиси ништо не им успеваше на „црвено-црните“, промашуваа пенали, зицери и го разбранија голманот Фриес и на одмор се замина со предност на норвешкиот тим од 17:20.
Вардарци далеку подобро го започнаа второто полувреме, прво во 39. минута успеаја да ја анулираат предноста на Елверум со голот на Шеваљевиќ (24:24), а потоа во следниот напад Дибиров донесе и предност за „црвено-црните“.
Во 48. минута Елверум повторно поведе со два гола разлика (29:27). Шеваљевиќ намалува на 29:28, а Чупиќ од пенал во 52. минута носи ново израмнување. Во 53. минута, Галараш прави груб прекршок над Петерсен за кој доби директен црвен картон, а во наредиот напад Чупиќ не го реализира седмерецот.
Тоа го искористија притвничките ракометари со голот на Шонингсен да поведат со 30:32, но за една минута вардарци измранија преку Шеваљевиќ и Георгиевски.
Вардар со голот на Георгиевски во 58. минута поведе со 33:32, а победата ја заверија Чупиќ и Дибирот со головите во последната минута.
Тимур Дибиров со девет гола беше најпрецизен кај Вардар, Гоце Георгиевски постигна шест гола, а по четири дадоа Анте Гаџа и Иван Чупиќ.