Вардарци преку Тиквеш на завршниот турнир, Е. Пелистер подобар од Алкалоид
Ракометарите на Вардар 1961 обезбедија пласман на завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија откако во финалето на групата А со 33:23 го совладаа Тиквеш. Гостинските ракометари имаа сила само за едно полувреме (15:14), за во вториот дел „црвено-црните“ да ги земат работите во свои раце и да дојдар со убедлив триумф од 10 гола разлика (33:23).
Препорачано
Тимур Дибиров беше најпрецизен кај Вардар со седум гола, Оливие Њокас даде шест, додека кај Тиквеш најдобри беа Симиќ и Гошевски со пет гола. Вардар стана вториот тим по Бутел што обезбеди пласман на завршниот турнир, дека останатите две екипи ќе бидат познати утре.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога против Алкалоид во полуфиналето од групата В и славеа со 32:26.
Костески со пет гола беше најпрецизен во редовите на Е. Пелистер каде се истакнаа и Мандалиниќ, Танкоски и Божиќ – Павлетиќ кои дадоа по четири гола, додека во таборот на Алкалоид најдобар беше Ѓоргиев со шест гола.


