Вардар1961 финалист на турнирот „Хумел куп“ во Магдебург

РК Вардар/Фото: РК Вардар: Денис Дуковски

Денеска во полуфиналето играчите предводени од тренерот Весели Вујовиќ триумфираа над данскиот клуб Холстебро со 33:28 на турнирот „Хумел куп“ во Магдебург, Германија.

Во текот на првите 30 минути се играше израмнето на двете страни, и ниту една од екипите немаше поголема позитива од два гола, по првото полувреме македонскиот шампион имаше минимално водство од 14:13.

Во вториот дел нашиот претставник се одвои резултатски, кога направи серија на погодоци и стекна „плус пет“ на семафорот.

За „црвено-црните“ најефикасни беа Талески и Тото со по шест голови, пет запиша Гурбиндо.

Четири погодоци беа дело на Мишевски, три имаше Моралес, по два Ѓукиќ, Чувара и Валчак, а по еден Дибиров, Гаџа и Јагуриновски.

Вардар1961 в недела во финалето ќе игра против победникот од дуелот Магдебург и словенечкиот Горење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот