РК Вардар

Вардар вечерва игра за директен пласман во четвртфиналето од Европската лига

Ракометарите на Вардар вечерва ги очекува еден од најважните натпревари сезонава. „Црвено-црните“ од 20:45 часот гостуваат кај германскиот Мелсунген во последното коло од главната рунда во Европската лига, а исходот од овој дуел ќе одлучи дали македонскиот тим директно ќе обезбеди место во четвртфиналето.

Екипата предводена од Иван Чупиќ во пресрет на натпреварот се наоѓа на врвот на табелата во групата 3 и самата ја контролира својата судбина. За директен пласман меѓу осумте најдобри екипи во натпреварувањето, на Вардар му е доволно да остане непоразен на гостувањето во Германија.

На првиот меѓусебен натпревар одигран во Скопје, вардарци славеа со 37:33, но вечерашниот дуел има уште поголема тежина, бидејќи и двата тима се во трка за директен билет во четвртфиналето.

Вардар не дозволи изненадување и го потврди пласманот на Ф4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот