Вардар реагира на постапката од ФФМ: Прославата беше приватна, клубот не може да биде казнет
Фудбалската федерација на Македонија отвори дисциплинска постапка против Вардар поради прославата на освоената титула која предизвика реакции во јавноста. Од клубот, пак, возвратија дека за таков чекор нема правна основа, нагласувајќи дека настанот бил приватен и не е поврзан со официјален натпревар или клупска организација.
Препорачано
Вардар во допис до ФФМ наведува дека клубот не бил организатор, финансиер или координатор на прославата, ниту пак таа се случила во рамки на натпревар или официјален протокол на федерацијата. Според нив, тоа автоматски ја исклучува можноста за дисциплинска одговорност на клубот како правно лице.
Од клубот се повикуваат и на Дисциплинскиот правилник на ФФМ, посочувајќи дека санкции се предвидени само за постапки поврзани со натпревари, службени активности или настани под организациска контрола на клубовите. Во конкретниот случај, велат тие, станува збор за приватно однесување на поединци надвор од тие рамки.
Дополнително, Вардар информира дека официјалната клупска прослава на двојната круна е закажана за 23 мај, по натпреварот против Шкендија кој започнува во 18 часот.


ВИДЕО | Вардар победи во Струга и по шест години стана шампион на Македонија
Неделковски: Во мое име, и во име на ФК Вардар се извинувам што испеавме вулгарна, навивачка песна


