ВИДЕО | Вардар победи во Струга и по шест години стана шампион на Македонија
Фудбалерите на Вардар на едно коло пред крајот и математички ја обезбедија шампионската титула во Македонија, откако славеа на гостувањето кај Струга со 0-1.
Препорачано
Со овој триумф, „црвено-црните“ ја затворија трката за врвот и пред последното коло го осигураа првото место, без разлика на исходот од дербито со Шкендија кое треба да го играат наредниот викенд во Скопје.
Одлучувачкиот момент на натпреварот падна многу рано уште во петтата минута. Стефан Цветковиќ ја искористи несигурната реакција меѓу одбраната и голманот Ангелети, ја пресече лошата повратна топка и рутински ја смести во празната мрежа, носејќи водство за тимот на Гоце Седлоски.
До крајот на првото полувреме, Вардар создаде уште неколку прилики, но Ангелети двапати одбрани сигурно. На спротивната страна, Струга преку Малески се закани во 41. минута, но неговиот удар со глава заврши крај стативата.
Во второто полувреме домаќините имаа уште две сериозни шанси преку Малески, во 68. и 71. минута, но голманот Давор Талевски беше на висина на задачата и ја зачува предноста на скопскиот тим.
За Вардар ова е враќање на титулата по пауза од шест години.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


