Вардар најде нов голман во ПСЖ!? (ФОТО)

фото:твитер

Доколку ѝ се верува на „магичната“ Википедија на РК Вардар, се очекуваат уште две нови засилувања за наредната натпреварувачка сезона, покрај најавуваниот руски лев бек Дмитри Санталов од Чеховски Медведи.

После заминувањето на Дејан Милосављев (во Бундес лигата), оваа сезона македонскиот и европски шампион не блеска најдобро на голманската позиција.

Први опции кај тренерот Едуард Кокшаров се Алжирецот Калифа Гедбан и Летонецот Артурс Кугис, а заедно со нив е и младиот и талентиран Марко Кизиќ.

Како нов голмански трансфер во СЦ „Јане Сандански“ се шпекулира името на Родриго Коралес (28) кој моментно ги брани боите на францускиот клуб ПСЖ кој од клупата го води нашиот екс селектор Раул Гонзалез и своевремено кормилар на Вардар, Раул Гонзалез.

принтскрин/википедија

Во својата кареира Шпанецот Коралес играше уште за Барселона, Уеска и Висла Плоцк. Со шпанската репрезентација лани го освои златниот медал на ЕП.

Потоа, позицијата десно крило може да биде освежена со поранешниот играч на Металург, Дарко Ѓукиќ (24).

Српскиот репрезентативец кој знае добро да се снајде и како десен бек, од 2018 година е член на Мешков Брест, а претходно беше дел уште од Железничар, Бешикташ и Келце.

Уште од претходно е познато дека сегашниот член на Вардар, летонскиот „џин“ Даинис Кристопанс од наредната сезона се сели во ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот