Вардар како првопласиран ќе пренесе три бода во разигрувањето за титулата

Момент од натпреварот РК Вардар 1961 - РК Голден Арт/фото: facebook.com/RKGoldenArt

Ракометарите на Вардар 1961 со победа ја завршува групната фаза од првенството откако со 32:25 славеше против Голден Арт.

„Црвено-црните“ на тој начин во разигрувањето за титулата пренесуваат три бода.

Играчите на Владо Недановски налетаа на силен отпор од играчите на Голден Арт кои го одиграа еден од подобрите мечеви сезонава.

Голден Арт во текот на првото полувреме имаше постојано водство кое беше со разлика од еден до три гола, а на паузата имаше предност од 15:13.

Дури во 39 минута фаворитот успеа да дојде до израмнување на 18:18. Во 40 минута Голден Арт не успеа да реализира седмерец, ниту гол, а тоа го казни Вардар и поведе со 20:19.

На 13 минути до крајот на натпреварот Вардар ја зголеми позитивата на четири погодоци, а потоа само постепено растеше и највисоката изнесуваше „плус осум“.

И оваа година Голден Арт вториот дел од првенството ќе го игра во плеј-аут, но како петтопласиран ќе пренесе максимален број на бодови.

На денешниот дуел во редовите на Вардар најефикасен беше Срдановиќ со шест голови, по пет имаа Николиќ и Ѓукиќ, а на спротивната страна Милошевски запиша 10 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот