Вардар и Тетекс ќе одиграат ревијален натпревар во чест на Никола Саздовски – Саздо

Ѕвездите ќе блеснат за Саздо точно во 19:47/Фото: facebook.com/KomitiZapad87

Денеска од 19.00 часот на теренот во Ракотинци (близу општината Сопиште) најтрофејниот македонски клуб Вардар и Тетекс ќе играат ревијален натпревар во чест на Никола Саздовски – Саздо.

– Ѕвездите за ѕвездата! Големи фудбалски имиња повторно ќе ја облечат опремата која долго време не им е извадена од плакарите и фиоките. Не беше воопшто тешко да ги натераме да дојдат и повторно да истрчаат на теренот, за 5 годишната комеморација на еден од нас, кој беше секогаш тука за нив, и не го штедеше гласот и дланките, не жалеше ниту време ниту средства. СО СРЦЕ ЗА САЗДО!

Како што тој беше со срцето за Вардар. Но беше и за Тетекс и Тетово. И токму тие два клуба кои му беа при срцето, со своите големи фудбалски имиња и славно минато, повторно ќе блеснат, за да ја осветлат ѕвездата. Да и подарат светлина која вечно ќе свети над нашето небо!

Дојдете во Ракотинци, бидете дел од ова ѕвездено соединување. Бидете ѕвездената прашина која ќе даде дополнителен сјај, и ќе го направи соѕвездието поубаво. Бидете дел од приказната во која Саздо веруваше до својот последен здив. Бидете дел од ова посебно Братско Дерби, кое не враќа во едно минато, кога почитта беше дел од спортскиот кодекс. Кога солидарноста беше нормална појава.

Дојдете да направиме спој на минатото и сегашноста, за сите барем за момент ја повикаме неговата душа, за да види дека не се само празни зборови кога му велиме: САЗДО НЕ ТЕ ЗАБОРАВАМЕ! Ѕвездите ќе блеснат за САЗДО точно во 19:47! Знаеме и зошто баш тогаш…- стои во објавата на „Комити“ на својата фејсбук страница.

Петок, 26.08
Терен во Ракотинци.
Бидете таму од 19:00ч.
САЗДО ЖИВЕЕ!

За сите оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на овој меморијален ревијален натпревар во чест на Никола Саздовски-Саздо, истиот ќе биде пренесуван во живо на официјалната фејсбук страна на ФК Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот