Вардар без проблеми со Охрид, прилепска Победа има „три од три“ во Втората лига

Вардар како гостин го совлада Тетекс/Фото: facebook.com/FKVardarSkopje

Вардарци ја забележаа втората победа во низа во Втората лига – Запад, откако денеска во седмото коло го совладаа ГФК Охрид, 2:0. Стрелци на головите за Вардар беа Блажевски и Грозданоски.

Гостивар успеа да ја прекине победничката серија на Силекс, односно овие две екипи одиграа нерешено 2:2. Во другите мечеви од оваа рунда во 2МФЛ – Запад: Воска Спорт – Кадино Скопје 5:0, Кораб – Тетекс 1:3, Велешта – Беса 1976 1:1.

Табела: Силекс 19 бодови, Воска Спорт 15, Тетекс 13, Кораб 13, Вардар 11, Беса 1976 8, Гостивар 6, Велешта 5, Кадино Скопје 5, Охрид 3.

Победа во седмото коло од Втората лига – Исток стигна и до петтата победа (трета по ред) сезонава остварена над Братство со 5:0.

За прилепскиот состав двапати во листата на стрелците се запиша Најдов, а по еднаш Спиркоски, Неделков и Јошевски.

Во другите мечеви од оваа руда во 2МФЛ – Исток: Кожув – Саса 0:0, Кит Го Пехчево – Слога Винициа 1:2, Беласица – Осогово 0:2, Детонит Јуниор – Лок. Градско 2:1.

Табела: Саса 17 бодови, Победа 16, Слога Виница 16, Беласица 11, Осогово 10, Кит Го Пехчево 9, Кожув 8, Детонит Јуниор 7, Лок. Градско 4, Братство 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот