25 C
Скопје

Вардар 1961 успешен на патот до одбрана на шампионскиот трофеј

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ екипата на Вардар 1961 во домашниот шампионат ја оправда фаворитската улога совладувајќи го Пролет 62 со резултат 30:24 (15:13).

По почетните 1:1 на семафорот, играчите на Стевче Алушовски стекнаа предност од 4-1, а после 15 минути игра во првото полувреме беше и 9:4. „Црвено-црните“ одржуваа предност од 4-5 голови разлика, но во самиот финиш гостите имаа добар период и на пауза заминаа со само два гола негатива.

Во вториот дел одново со серија погодоци Вардар 1961 се одвои на „плус пет“, а противникот кој не се предаваше така лесно имаше шанса со серија на добра игра да дојде и на „минус еден“, но не успеа.

Вардарци не дозволија изненадување и до самиот крај го контролираат текот на резултатот. До крајот домашните само рутински ја одработија задачата за конечни 30:24.

Кај победниците Дибиров блескаше со девет гола, а по пет запишаа Јагуриновски, Георгиевски и Талески. На спротивната страна Аларов постигна седум погодоци.

Фото: Денис Дуковски/РК Вардар1961

Поврзани вести

Марковски уште три, Хорват уште две години во тимот на Металург

Слободен печат

Пуштени во продажба влезниците за ЕП 2022, навивајте за ракометарите за само 14 евра

Слободен печат

Реал подготви 80 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ

Слободен печат

Најстарата жена на светот се откажа од носење на олимпискиот оган

Слободен печат

Реал ќе извиси, Левандовски гледа кон Премиер лигата

Слободен печат

Пеп Гвардиола кариерата ќе ја заврши во Барселона

Слободен печат

Остави Коментар