Џеј Ди Венс / Фото: Принтскрин

Венс оцени дека е постигнат клучен напредок во преговорите за Украина: „Тие се свесни дека ќе го изгубат Донецк“

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека е постигнат голем напредок во мировните преговори за Украина, но додаде дека сè уште не може со сигурност да каже дека е можно мирно решение, објави денеска британската веб-страница UnHerd.

Во интервју за оваа веб-страница, тој рече дека напредокот се состои во фактот дека сега сите прашања се дискутираат отворено.

„Она што го видовме од украинската и руската страна во изминатите неколку недели е вистинско разбирање за тоа што е непреговарачко, како и за прашањата за кои може да се преговара“, истакна американскиот потпретседател.

Ванс рече дека Русите сакаат територијална контрола врз регионот Донецк, додека Украинците го гледаат тоа како сериозно безбедносно прашање.

Како што истакна американскиот функционер, сепак, украинските функционери приватно признаа дека на крајот веројатно ќе го изгубат регионот Донецк, но додадоа дека тоа може да се случи за 12 месеци, или можеби дури и подоцна.

Според Ванс, затоа, прашањето за територијалните отстапки претставува значајна пречка во преговорите.

Како што изјави, контролата врз нуклеарната централа Запорожје и статусот на Украинците што живеат на окупираните територии, како и прашањето за обновата на Украина, остануваат теми на преговори.

Ванс додаде дека се поставува прашањето кој ќе ја контролира нуклеарната централа, дали може да се управува заеднички, како и дали треба да се контролира од една или повеќе страни.

Специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, коментирајќи ги разговорите со украинската страна во Флорида, посочи дека фокусот е на четири клучни документи, објави агенцијата „Унија“.

Тоа се развој на планот од 20 точки, координација на ставовите за безбедносните гаранции, особено од САД, како и понатамошен развој на планот за економски развој на Украина.

Специјалниот пратеник на Кремљ, Кирил Дмитриев, од друга страна, не даде никакви коментари по посетата на Мајами, но изјави дека следната средба треба да биде во Москва, потсети украинската агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот