Ванеса Трамп - Фото: EPA/Chip Somodevilla / POOL (AFP OUT)

Ванеса Трамп откри дека има рак на дојка: „Останувам полна со надеж“

Ванеса Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп Помладиот и мајка на пет деца, откри дека ѝ бил дијагностициран рак на дојка и дека заедно со лекарскиот тим подготвува план за лекување, пишува „Си-ен-ен“.

Таа веста ја сподели преку објава на социјалните мрежи, наведувајќи дека на почетокот на неделава била подложена на медицински зафат, по што побарала приватност додека се посветува на своето здравје и закрепнување.

„Иако ова не е вест што некој ја очекува, тесно соработувам со мојот медицински тим на план за лекување“, напиша Ванеса Трамп.

Во продолжение порача дека останува силна и полна со надеж благодарение на поддршката од семејството и најблиските.

„Останувам фокусирана и полна со надеж, опкружена со љубовта и поддршката од моето семејство, моите деца и луѓето што ми се најблиски. Ви благодарам за вашата добрина и поддршка, тоа навистина значи повеќе отколку што можам да опишам“, наведе таа.

Ванеса Трамп и Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, се разведоа во 2018 година по 12 години брак. Заедно имаат пет деца, меѓу кои и 19-годишната Кај Трамп, која има голем број следбеници на социјалните мрежи и често се појавува со својот дедо во Белата куќа.

Ванеса моментално е во врска со познатиот голфер Тајгер Вудс, кој минатиот март јавно потврди дека се заедно.

Јавна поддршка ѝ упати и Иванка Трамп, ќерката на Доналд Трамп, која во коментар напиша:

„Се молам за твојата сила и брзо закрепнување. Те сакам.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот