Ванеса Брајант со емотивна порака за Коби на Инстаграм: Многу ми недостасуваш (ФОТО)

Коби Брајант, големата кошаркарска легенда го напушти овој свет во хеликоптерска несреќа во која загинаа уште седум други луѓе на 26 јануари годинава.

Меѓу настраданите беше и неговата малолетна ќерка Џиана (13), а светот и понатаму жали по великанот и не може да поверува дека оваа трагедија е вистина. Сепак,

Коби позади себе ја остави сопругата Ванеса и своите три малолетни ќерки. Неговата неутешна вдовица повторно се огласи на Инстаграм каде што објави фотографија од Коби, под која ја напиша:

„Мојот најдобар пријател, најдобар татко. Многу ми недостасуваш. Згоден, сладок, сакан, смешен сопруг. Ми недостасува твоето “Bonjourno, principessa/reina”.

По оваа фотографија, објави уште едно видео на кое Коби Брајант зборува дека токму таа е неговиот најдобар пријател, како и уште петнаесет објави од простувањето на училишните пријатели на младата Џиана….

View this post on Instagram

❤️

A post shared by Vanessa Bryant ? (@vanessabryant) on

 

Кога Коби и Ванеса се запознаа беа многу млади, таа имаше само 17 години, тој 20 – а веќе наредната година, кога стана полнолетна, Коби ја запроси. Заедно поминаа низ многу предизвици низ годините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот