Коби и Ванеса Брајант – детската љубов која ги издржа сите предизвици, а заврши трагично

Фото: EPA/MIKE NELSON

Коби и Ванеса зборуваа дека нивното среќавање било љубов на прв поглед, се запознале на снимање на музички спот во 1999 година кога Ванеса била танчарка, а кога љубовта се интерзивирала, избраничката на Коби ретко се експонирала во јавноста.

Планетата тагува за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, а нема сомнение дека во моментов најтешко ѝ е на неговата сопруга Ванеса, пишува српски „Телеграф“.

По хеликоптерската несреќа таа остана без својот сопруг и ќерката Џиџи, но нејзина сила остануваат ќерките, Наталија, Бјанка и Капри. Како што пишуваат медиумите, таа поминала низ многу тешки моменти со Коби, поради тоа што неговите родители биле против нивниот брак, а таа останала до НБА-ѕвездата и кога му бил „наместен“ случајот за силување, притоа простувајќи му неверство.

Коби и Ванеса зборуваа дека нивното среќавање било љубов на прв поглед, се запознале на снимање на музички спот во 1999 година кога Ванеса била танчарка, а кога љубовта се интерзивирала, избраничката на Коби ретко се експонирала во јавноста.

Коби и Ванеса
Коби (20) и Ванеса (17) во 2000 година – Фото: @kobebryant / instagram

Не сакала да се истакнува во прв план, да се истакнува како сопруга на еден од најголемите играчи на сите времиња, но сплетот на околностите ја донел во центарот на вниманието во декември 2003 година кога се случи познатиот скандал. Сепак, партнерите успејале да го надминат овој проблем, станувајќи посилни и попосветени на семејството и израснување на нивната ќерка.

Сепак, потоа им се случил уште еден настан кој бил многу тежок за семејството, што дополнително им ја засилил врската – загубиле едно дете.

Коби никогаш не си простил за ова

Кога се запознале, Коби имал 20 години, Ванеса само 17 и се уште била средношколка, па многумина сметале дека ова е само минлива и детска авантура. Партнерите одлучиле на сите да им покажат дека ситуацијата е потполно различна, така што Коби ја запорсил Ванеса веднаш штом станала полнолетна. Повеќе тестови за зрелоста на љубовта поминале во раната фаза од врската, а Ванеса беше до Коби дури и на прес-конференцијата за медиуми кога се откри аферата во која кошаркарот бил обвинет за силување.

Ти си мојот ‘рбет, мој благослов, дел од моето срце, воздухот кој го дишам. Ти си најсилната личност што ја познавам, не знаеш колку ми е жал што те доведов во оваа ситуација, и тебе и нашето семејство – рекол тогаш Коби во солзи.

Случајот дефинитивно е завршен во 2004 година кога жртвата одбила да сведочи, а со вонсудски се е решено. Сепак, скандалот и понатаму влијалел врз животот на Ванеса, а Коби подоцна признал дека Ванеса имала абортус во раната фаза на бременоста во 2005 година. Се обвинувал себеси за губењето на детето, сметајќи дека Ванеса претрпела голем стрес кој влијаел на бременоста.

– Требаше да го градиме семејството. А поради мојата грешка, поради оваа тешка година, го загубивме бебето – зборувал Коби.

Во однос на клубот, во „Стејплс центарот“ Ванеса била како кралица. Коби се потрудил да ужива посебен третман каков што сопругите на другите кошаркари немале. Познато е дека тунелот кој води од соблекувалните до паркетот има лимитиран пристап што се однесува до останатите луѓе, а за Ванеса тоа не важело, и на неа и било дозволено да се движи во овој простор.

Сакале уште деца

Коби и Ванеса четвртата ќерка ја добиле во јуни 2019 година, а многумина сметаа дека партнерите сакаат тука да запрат, но Коби ја оставил вратата отворена за уште едно дете.

– Мислам дека таа сака момче повеќе од мене. Сакам што имам ќерки, во одушевен сум поради тоа. Таа сака момче бидејќи сака тој да биде „мамин син“, милениче – рекол Коби.

Брајант се восихитувал на тоа каква мајка е неговата сопруга, а на Денот на мајките минатата година и упатил емотивна порака.

„Те сакаме, ти благодариме за сѐ што правиш за нашето семејство. Ти си темел на сѐ што имаме, драга“, стоело во пораката.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот