Вандализирана малата сирена во Копенхаген, данската туристичка атракција наречена „Расистичка риба“
Статуата низ годините повеќе пати беше вандализирана во различни прилики.
Малата сирена од Копенхаген, најпознатата данска туристичка атракција, се најде на мета на вандалски напад, соопшти денекса данската полиција.
„Малата сирена претрпе вандалски напад утрово околу 9 часот. Непознато лице ги испиша зборовите „расистичка риба“ на англиски јазик, на нејзиниот постамент. Покренавме истрага“, наведува полицијата од Копенхаген во соопштението.
Ане грум-Швенсен, експерт за опусот на Ханс Кристијан Андерсен, авторот на приказната „Малата сирена“, рече дека таа бајка за деца не содржи ништо што упатува на расизам.
На противрасистичките протести организирани ширум светот по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд почнаа да се уништуваат споменици и статуи поврзани со колонијалното минато на некои земји.
Овие недела дена во Данска на мета на вандали беа и спомениците на данскиот мисионер на Гренланд Ханд Егед, Махатма Ганди и данскиот крал Кристијан IV.
И малечката сирена била вандализирана неколку пати. Два пати и е украдена главата (1964. и 1998.) и еднаш и е отсечена раката (1984.).
Во мај на карпата на која е поставена статуата Малата сирена со боја беше испишано „Слобода за Хонхконг“, насочена на протестите кои избија 2019 годиан против централната власт во Пекинг.