Ван Дајк официјално го продолжи договорот со Ливерпул

Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк ќе бидат подготвени за битката против Реал Мадрид/Фото: EPA-EFE/Paul Ellis

Холандскиот фудбалер Вирџил ван Дајк ќе остане во клубот од „Енфилд“ официјално до 2025 година. Во јануари 2018 година го облече дресот на „црвените“ доаѓајќи од редовите на Саутемптон.

Пред Ван Дајк, договорот со Ливерпул ова лето го продолжија уште Арнолд, Фабињо и Алисон.

Лани Холанѓанецот беше дел освојувањето на титулата во Премиер лигата, прва после 30 години.

Претходно во 2019 година ги освои Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Досега за екипата одигра 130 натпревари и реализираше 13 голови.

Својот прв премиерлигашки меч во новата сезона (2021/2022) составот на германскиот менаџер Јирген Клоп ќе го има в сабота од 18.30 часот на гостински терен против Норич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот