Ваљон Сарачини воопшто не издал лиценца за објектот каде што се случи пожарот, тврди неговата одбрана
Поранешниот министер за економија Ваљон Сарачини воопшто не издал лиценца за објектот каде по 13 години се случи пожарот каде во март годинава имаше 63 жртви и над 200 повредени.
Препорачано
-Лиценците согласно закон имаат важност од една година, а лиценцата од 2012 година не значела дозвола на „Класик М“ да обавува дејност на друга локација, да биде дискотека наместо кабаре, да прима прекумерен број на луѓе и малолетни деца пред или после полноќ и во истата да се внесуваат и користат пиротехнички средства на недозволен начин. Тоа не го пишува во лиценца и предметната лиценцата од 2012 година – рече неговиот адвокат Даниел Георгиевски во воведниот збор пред судот.
Според него, дозволата издадена во 2012 година одамна престанала да важи и секоја нова лиценца била предмет на нова постапка.
-За нас како одбрана постои само едно едноставно прашање, а тоа е за што е обвинет поранешниот министер за економија кога во 2012 година воопшто не била издадена лиценца за објектот каде 13 години подоцна се случил пожарот. Во 2012 година во Министерството за економија, врз основа на барање издадена е лиценца за вршење угостителска дејност за кабаре за локација на улица „Димитар Влахов“ бб Кочани, што е сосема различна локација од објектот каде се случува кривичн правниот настан во 2025 година, а тоа е улица „Крижевска“ во Кочани. Тоа јасно ќе се презентира и од вештачењето, со што ќе се потврди дека се работи за две сосем различни локации и различно правно лице – изјави Георгиевски.
ВО ЖИВО | Со воведни зборови на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
Адвокатката Татијана Поповски Буловски, рече дека одбраната ќе презентира докази и ќе докаже дека Сарачини нема било каква вина во однос на трагичниот настан, но и да дадат свој придонес за правда и да се идентификуваат вистинските сторители.
-Издавачот на лиценца, во овој случај Министерството за економија не испитува исполнетост на материјални услови за добивање лиценца, туку испитува постоење на формални услови, односно дали е поднесена бараната документација. Оттука тврдењата дека документацијата во конкретниот случај во 2012 година не била потполна не е точна. Документацијата била потполна, но дали била вистината, на тоа прашање треба да се произнесат барателот „Класик ДМ“ и неговите одговорни лица и инспекторите од ДПИ кои вршеле проверки по тие пријави за исполнетост, а не Министерството за економија, а уште помалку министер – изјави Поповски Буловски.
ВО ЖИВО | Со воведни зборови на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“


