Ваљон Етеми поради повреда ќе ги пропушти мечевите против Украина и Англија

Македонската А репрезентација се подготвува за новите натпревари од квалификациите за Европското првенство 2024.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски на 16 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ ќе играат против Украина, а три дена подоцна на „Олд Трафорд“ во Манчестер ѝ гостуваат на Англија.
Милевски веќе го објави списокот на повикани играчи за претстојните дуели, Бојан Миовски е повреден, а Дарко Чурлинов е хоспитализиран во клиничкиот центар во Белград поради здравствени компликации.
Последните информации велат дека нашата селекција останува без уште една опција во нападот, на листата на повредени се наоѓа и Ваљон Етеми, фудбалерот на турскиот клуб Истанбулспор.
Етеми поради повредата не е во можност да се стави на располагање на А репрезентацијата за претстојниот собир и мечевите против Украина и Англија.
Останува да се види дали стручниот штаб ќе се одлучи за евентуален дополнителен повик. Во делот на нападот Милевски моментно ги има Александар Трајковски, Милан Ристовски, Дориан Бабунски, Илија Несторовски, Љупче Дориев и Стефан Ашковски.
Билетите за натпреварот со Украина по цена од 300 и 400 денари