Валенсија: Замислете, во Европа играат против Македонија, со земји кои не се конкурентни!

Антонио Валенсија, поранешниот репрезентативец на Еквадор/Фото: EPA/JORGE ZAPATA

Антонио Валенсија (37), поранешниот репрезентативец на Еквадор, одговори на зборовите на француската ѕвезда Килијан Мбапе кој мисли дека јужноамериканските селекции не се „на нивото на Европа“.

Валенсија во својата реакција ја спомна и македонската репрезентација која ја смета за неконкурентна.

– Не знам…Во Европа, тие (Французите н.з) играат против Македонија. Замислете! Со земји кои не се конкурентни. Значи, тоа се европски квалификации кои не се ни близу до оние во Јужна Америка. Би сакал да го поканам Мбапе да проба еден натпревар на јужноамериканското тло. Јас сум настапувал во Баранкиља на 42, 45 степени, а од натпревар во Перу сум патувал во Ла Паз. Тој можеби не е свесен за квалификациите во Јужна Америка, но се тешки – рече Валенсија во интервјуто за „Диарио АС де Чиле“.

Еквадорецот во кариерата ги бранеше боите на Манчестер јунајтед од 2009 до 2019 година и со кој двапати ја освои Премиер лигата, а еднаш и Лигата на Европа.

На репрезентативен план токму Валенсија со Еквадор играше во пријателскиот натпревар на 28 мај 2006 година одигран во Мадрид и на кој славеше македонската А селекција со 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот