Вакво нешто не се случило 22 години: Завршува ерата на „големата тројка“ во тенисот

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Вечерва битка за грен-слем трофејот на САД Опен ќе водат Јаник Синер и Тејлор Фриц, а овој меч исто така е и еден вид отворање на ново поглавје бидејќи завршу една голема низа.

Трофејот оди во рацете на Италијанецот или Американецот, а кога сезоната ќе заврши без грен-слем трофеј ќе останат Федерер, Надал и Ѓоковиќ и такво нешто не се случило уште од 2002 година.

Од 2002 година се до минатата секогаш барем еден од „големата-тројка“ освојуваше грен-слем трофеј.

Исто така вечерашниот меч е посебен и за Американците бидејќи по Вимблдон во 2009 ќе имаат претставник во финалето на грен-слем, сега и на домашен терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот