Вакцините на база на мРНК ефикасни против индиската мутација на коронавирусот

epa08920249 People walk pass a sign leading to a Covid-19 vaccination centre that is build up at the Rajawadi Hospital in Mumbai, India, 05 January 2021. According to news reports, Drug Controller General of India (DCGI) has approved the emergency use of coronavirus vaccine developed by AstraZeneca and Oxford University. Indian health authorities conducted a dry run of Covid-19 vaccination across India, the country which is the world's second-hardest hit nation by the coronavirus disease pandemic. EPA-EFE/DIVYAKANT SOLANKI

Вакцините против ковид-19 врз база на мРНК технологија како што се на „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“ се чини дека се ефикасни против индискиот вид коронавирус, соопшти Европската агенција за лекови (EMA).

Податоците презентирани од европскиот регулатор за ефикасноста на вакцините мРНК против видот Б. 1.617 се „охрабрувачки”, изјави Марко Кавалери, претседател на работната група на ЕМА, одговорен за стратегијата за вакцинација.

Вакцините за Messenger РНК (мРНК) ги учат клетките како да создадат протеин што предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази.

Кавалери на прес-конференција рече дека е оптимист во врска со ефективноста на вакцините засновани на аденовирус, како што се оние што ги развија „Астра Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“, дека исто така штитат од индискиот вид.

Се чекаат дополнителни податоци од Индија, каде што се користи вакцината на Астра Зенека, рече тој и додаде дека „до денес сме убедени дека вакцината ќе биде ефикасна против тој вид”.

Во Европоската унија се одобрени четири вакцини – Фајзер/Бионтек и Модерна кои користат технологија мРНК и Астра Зенека и Џонсон и Џонсон вирусни векторски вакцини.

Видот Б. 1.617 е откриен во 44 земји, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), кои го ставаат тој вид на списокот на „загрижувачки”.

Со тоа индиската мутација им се придружи на трите „злогласни” што се појавија во Велика Британија, Бразил и Јужна Африка и кои се сметаат за поопасни од оригиналната верзија на коронавирусот затоа што се позаразни, посмртоносни или поотпорни на одредени вакцини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот