Вајоминг забрани употреба на пилули за абортус
Гувернерот на Вајоминг Марк Гордон вчера го потпиша законот со кој се забранува употреба или препишување на апчиња за абортус, кој беше усвоен на почетокот на овој месец во државата контролирана од републиканците.
Препорачано
Гордон го потпиша законот бидејќи федералниот судија во државата Тексас размислува за забрана на национално ниво на хемикалијата мифепристон.
Сржта на законот на две страници е тоа што го прави незаконски „препишувањето, споделувањето, дистрибуирањето, продавањето или користењето на какви било средства со цел да се поттикне или да се изврши абортус“.
Од забраната се изземени контрацептивните таблети кои се препишуваат и се користат по сексуалниот однос и пред да се потврди бременоста.
Оваа мерка вклучува и ослободување за секоја постапка неопходна за заштита на жената „од непосредна опасност што сериозно го загрозува нејзиниот живот или здравје“, како и за секој третман на „природен спонтан абортус според моментално прифатените медицински упатства“.
Прекршувањето на законот ќе се смета за кривично дело, казниво со затвор до шест месеци или парична казна до 9.000 долари.
Мерката утврдува дека жената „на која е извршен или обид (да се изврши) хемиски абортус нема да се гони.


