Вајли поради коронавирусот привремено раскинува со Гран Канарија!

Фото: kfsm.mk

Американското крило пред извесно време доби македонско државјанство и се стекна со право на настап за нашата најдобра репрезентација.

Џејкоб Вајли требаше да дебитира во Талин во новите квалификациски натпревари за пласман на ЕП, но поради позитивен тест на ковид-19 во текот на последните тренинзи, и на уште тројца наши репрезентативци, беа одложени беа мечевите против домаќинот Естонија и Италија, и воедно останат во естонскиот главен град во карантин.

Денеска клубот на Вајли, шпанската Гран Канарија информираше дека привремено ќе биде раскинат договорот со нивниот играч.

После таа одлука, Американецот ќе се врати во својата татковина по последиците од ковид-19.

Клубот му посакува сѐ најдобро во неговото физичко и психичко опоравување и што поскоро враќање на терените.

Изненадување: Србија поразена од репрезентација која 65 години не играла на Евробаскет, Русија ја прегази Естонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот