Изненадување: Србија поразена од репрезентација која 65 години не играла на Евробаскет, Русија ја прегази Естонија

Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа шокантен пораз од Швајцарија со 92:90 во квалификациите за ЕП 2022 година. За тоа колку е големо изненадувањето со поразот на Србија која е кошаркарска сила, доволно зборува податокот дека Швајцарија последен пат на Европско првенство играла 1955 година.

Одлучувачки момент за големото изненадување на Швајцарија е одличниот шут посебно за три поени кој беше неверојатни 56%. Напрецизен беше Марко Млаѓан со 18 поени, а по 16 поени дадоа Душан Млаѓан и Џонатан Казади. Кај Србија која настапи без најдобрите кошаркари се истакна Алекса Аврамовиќ со 23 поени.

Во нашата група, Русија со убедливи 84:56 ја совлада Естонија.Евгениј Бабурин со 19 поени беше најдобар во руската репрезентација, додека Андреј Воронцевич постигна 15. Кај Естонците, најмногу се истакна Јанари Јоесар со 11 поени.

Изненадувачки пораз доживеа и Шпанија која со 95:87 е поразена од Израел, додека Словенија е на чекор до пласман на Евробаскетот 2022 по триумфот од 84:73 над Украина.

Резултати:
Швајцарија – Србија 92:90
Романија – Полска 61:91
Финска – Грузија 85:91
Естонија – Русија 56:84
Израел – Шпанија 95:87
Словенија – Украина 84:73

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот