Фото: МВР / илустрација

Ужасна несреќа во Порече – жена загина, меѓу повредените има и дете

Автомобил излетал од патот и се превртел вчера на локален пат кај селото Русјаци во близина на Македонски Брод, а во несреќата загинала жена и повредени се тројца патници, меѓу кои и дете, соопшти МВР.

„На 20.01.2026 во 14:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с.Русјаци, општина Македонски Брод, патничко возило „цитроен” со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.С.С.(41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починала 41-годишната К.С.С.. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината е дадено на обдукција Со телесни повреди се здобиле сопатниците С.С.(69), М.С.(62) и шестгодишно дете, сите од Кичево, констатирани во Општа болница Прилеп. Увид извршила екипа на СВР Битола“, велат од полицијата.

Велешанец лажел дека полицајци го малтретирале, ама полицајците имале камери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот