Фото: илустрација / AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Ужас во Србија: 18-годишно момче брутално убиено на Бадник во кафуле заради банален долг од 100 евра

Осумнаесетгодишно момче во Србија е брутално убиено за време на бадниковата вечер додека славело со своето друштво во кафуле.

Оваа трагедија, каква што мирното српско село Товаришево не памети, го завила целото место во црно. Додека на православниот празник Бадник се палеле свеќи за здравје и мир, младото момче било брутално убиено на најрадосниот христијански празник, пишува Телеграф.рс.

Според информациите, божиќната забава во локалното кафуле по полноќ се претворила во сцена од најлошите кошмари. Сè се случило со брзина на молња. По кратка расправија во близина на тоалетот, Ненад бил ладнокрвно избоден со нож во вратот од напаѓачот. Смртно ранет, младиот човек успеал да излезе меѓу своите пријатели, држејќи се за раната која крвавела.

„Падна на подот, а ние се скаменивме. Еден пријател дотрча до него, му го фрли пијалакот од раката и се обиде со невозможното – да му ја затвори раната на вратот со рацете. Го држеше речиси 45 минути, молејќи го да издржи, да не ги затвора очите, но крвта беше насекаде. Ненад се грчеше, гледајќи нè, додека неговата сила исчезнуваше. Тие сцени дури и не се гледаат во филмови, беше пекол на земјата“, рече шокираниот пријател.

Она што дополнително „ја лади крвта во вените“ е фактот дека, според очевидци, убиецот по нападот поминал низ толпата сосема мирно. Дури кога Ненад се струполил, толпата сфатила колкава била бруталноста. Несреќниот млад човек починал во амбулантното возило на пат кон болницата.

Според неофицијални информации, причината за убиството би можело да биде банален долг од 100 или 200 евра. Постои сомневање дека убиецот чекал момент Ненад да биде сам и да го нападне.

Полицијата го приведе 30-годишниот Н.М. кој е задржан во притвор до 48 часа.

Приведен е и 46-годишен маж, кој е под сомнение дека му помогнал на убиецот откако го извршил злосторството да се скрие кај него.

Негови пријатели се во голема тага и болка поради загубата на својот пријател, за кого сите имаат само убави сеќавања.

„Секогаш насмеан, секогаш подготвен да помогне. Беше дете од нашата улица, гордост на неговите родители. Тој ден кога славеше, со нетрпение го очекуваше Божиќ како и секоја година. Кој можеше да помисли дека тоа е неговата последна слика, неговата последна прегратка?“, рече еден од мештаните низ плач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот