Полиција Британија / Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Ужас во Лондон: Бебе пронајдено мртво во торба оставена пред црква, се бара мајката

Веста за откривање на мртво новороденче во торба оставена пред црква во областа Нотинг Хил предизвика бурни реакции во Лондон. Метрополитен полицијата соопшти дека биле повикани во 12:46 часот во вторникот на улицата Талбот по пријава за бебе во торба оставено пред црква.

Спасувачите дошле на местото на настанот и констатирале смрт на новороденчето, јавува Би-би-си.

Властите веднаш започнаа истрага за лоцирање на мајката, а Метрополитенската полиција соопшти дека точната возраст на новороденчето сè уште не е утврдена.

Шефот на локалната полиција, инспекторот Овен Реноуден, го опиша случајот како „крајно тажен и шокантен“, додавајќи дека властите се обидуваат да ги расветлат околностите под кои се случил инцидентот.

„Наш приоритет во овој момент е да ја лоцираме мајката на новороденчето, бидејќи веруваме дека таа можеби се породила неодамна“, истакна тој.

Обраќајќи ѝ се директно на мајката, тој рече: „Ако сте мајка и ја читате оваа порака, ве молиме контактирајте ги властите или лекарите. Наш приоритет е грижата и поддршката за вас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот