Ужас во Албанија: Дете се отруло со Ибупрофен, мајката мислела дека му дава лек против дијареа

Фото: Профимедиа

Дете старо 12 години се отруло во албанското летувалиште Саранда од прекумерна количина на ибупрофен и е префрлено со хеликоптер во болница.

Како што се наведува, детето, државјанин на Украина, добиле труење откако проголтало 400 милиграми таблети Ибупрофен, пренесува Еј-Би-Си Албанија.

Се сомнева дека мајката на детето по грешка му го дала тој лек, мислејќи дека е Лоперамид за дијареа.

Детето во болница било примено со силни болки во стомакот, тешка главоболка, проблеми со уринирање и замор.

Видео на денот