УТРИНСКИ БРИФИНГ | Серафимовски: Цените на квалитетни станови се исти како на неквалитетните

Андреја Серафимовски, Асоцијација на градежништво при Стопанска комора / Утрински брифинг

Во градежништвото деновиве се појавија проценки дека ќе се појави тренд на галопирачки цени на станбениот квадратен метар. Според некои проекции, можно е цената на станбениот квадрат во Скопје да порасне до 2000 евра.

За ова во Утрински брифинг се разговараше со Андреја Серафимовски, дел од менаџерскиот тим на градежната компанија „Гранит“ и дел од Асоцијацијата за градежништво при Стопанската комора.

-Поскапувањето на становите е последица од состојбите што произлегоа од ковид пандемијата, поскапувањето на цената на работната рака, на градежните материјали, како и на мораториумот за градење што го воведоа последниве години некои општини, вели Серафимовски за Утрински брифинг.

Според него, трендот на раст на цените зависи од куповната моќ, а кај нас граѓаните немаат голема куповна моќ па се очекува дека тој тренд ќе прекине. Серафимовски коментира дека поголем проблем од самата цена на становите е што иста цена има и квалитетната и неквалитетната градба на иста локација.

-Компаниите што градат квалитетно, на пример во Центар, влегуваат во загуба затоа што цената на нивниот производ е иста како и на неквалитетен производ на истата локација, вели Серафимовски.

Тој додава дека ние всушност купуваме станови од потреба, на пример да бидат блиску до работното место, а не според нашиот стил на живот па и тоа е еден од факторите на движењето на цените со оглед што голем дел од деловните активности се одвиваат во главниот град и во Центарот на Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот