УТРИНСКИ БРИФИНГ | Доколку има ценовен шок, Владата ќе интервенира

Маријана Лончар Велкова
Маријана Лончар Велкова / Утрински брифинг

Најавата за големо поскапување на прехранбените продукти до крајот на годината го вклучи црвениот аларм. Експертите велат дека поскапувањето е очекувано но ценовниот шок кој што се очекува некаде околу Нова Година најсилно ќе ги погоди сиромашните граѓани.

Климатските промени, недостигот на работна сила, скапиот транспорт и енергенсите се дел од причините на кои се препишува растот на цените и глобално ниво но и кај нас.

Деновиве и владините претставници најавија дека доколку има потреба Владата ќе интервенира со низа механизми за да излезе во пресрет на ситуацијата.

На ваквите најави реагираат и од Организацијата на потрошувачи во Македонија од каде велат дека ќе побараат поддршка и разбирање од Владата и од бизнис секторот.

На оваа тема гостинка во Утрински брифинг беше претседателот на Организацијата на потрошувачи, д-р Маријана Лончар Велкова.

-Ние сме загрижени за ситуацијата, заради тоа што веќе видовме дека веќе се вклучи ССМ, но и премиерот Заев. Утешителна е неговата изјава, но ние во ваква ситуација кога имаме пораст од 5 до 10% на цените не можеме да останеме во мирување затоа што сме аплашени дека и ова покачување претавува товар за граѓаните, вели Лончар.

-Ние како организација и претставници на потрошувачите во нашата држава мора да бидеме вклучени. Свесни сме дека не можат така лесно да се сопре порастот на цените кога ќе почне светската спирала да се одмотува. Затоа нашиот апел е до бизнис заедницата и Владата да се погрижат за ограничување на цените барем на основните прехранбени производи.

Целиот разговор погледнете го видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот