Утре ќе се одржи Арт-бостание во Општествената градина во Лисиче: Фиќовото градинче ќе биде отворено за сите!

Бостание/Facebook

Викендот може да почне со убави нешта, или мала уметничка ѓурултија: Утре во општествената градина „Бостание’, во паркот во Ново Лисиче со почеток од 12 часот, ќе се „крене“ зимско арт-бостание.

Организаторот на ова арт-бостание се момците од алтернативниот културен центар КЦ 750, односно малото зелено фиќо што се „тркала“ неуморно низ уметничките пејсажи на градот.
Уметниците кои ќе бидат застапени на ова бостание ќе направат уметничка инсталација преку која ќе го претстават чудесното патување на едно откачено македонско семејство. Тие се: Владимир Лукаш, Тома Димовски, Сали Ертунч, Вук Митевски и Иван Ивановски.

Во пресрет на настанот, добивме ексклузивна изјава од еден од организаторите и основачите на КЦ 750, Иван Шопов:

Иван Шопов
Иван Шопов/ Facebook

„Се радуваме што ќе го паркираме КЦ 750 на местото што внесе многу свежина и убава енергија во Скопје изминатиов период – општествената градина “Бостание”. Нашите домаќини се отворени и за други видови култури освен земјоделските, а ние сме секогаш тука за арт-ѓурултии и кревање креативна џева. Па, се надеваме дека ќе се изроди интересен резултат од соработката на една неконвенционална иницијатива со друга, дабетер неконвенционална“ – низ смеа ни објасни тој.

Дел од арт-бостанието ќе биде и проекцијата на кратки експериментални видеа од Љубиша Камењаров, Валентина Бактијаревиќ, Иван Ивановски, Владимир Лукаш, Вук Митевски и Ѓорѓе Јовановиќ.

Општествено градинарење – влог во иднината

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот