Утре бесплатно паркирање на паркинзите на ПОЦ и на зонските на ЈП „Градски паркинг“

Паркирањето во зоните А, Б, Ц и Д, со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ утре ќе биде бесплатно. Како што информираат од претпријатието, редовна наплата ќе се врши на зонското паркиралиште на Водно, во катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, како и на јавните паркиралишта Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и на паркингот во Клинички центар.

Поради утрешниот државен празник, паркиралиштата во надлежност на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе бидат бесплатни за сите граѓани.

Од ПОЦ соопштија дека редовната наплата за паркирање ќе продолжи во сабота со вообичаено работно време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот