Усвоена фискалната стратегија 2020-2022 со проекција за раст на БДП од 3,5% за 2019

На предлог на Министерството за финансии, Владата денеска ја усвоила Фискална стратегија на Република Северна Македонија за 2020-2022, како стратешки документ кој се усвојува за период од три години и ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.

Фискалната стратегија e одраз на среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата на Северна Македонија, и врз основа на реалните показатели од неа, како и од континуираното забрзување на растот во текот на 2018 година и позитивните поместувања во првото тримесечје од 2019 година, се очекува нагорна ревизија на проекцијата за економски раст во 2019 година на 3,5 проценти. Трендот на растот на БДП се очекува и во 2020 година и се позиционира на 4,2 отсто, за во наредните две години да продолжи со посилен интензитет, односно да достигне 5 проценти.

На денешната седница Министерството за финансии информирало и за подготовките за одржување на годишната средби на Холандската Конституенца во рамки на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, од 21 до 23 јуни оваа година во Скопје и Охрид. Овие средби се настан на високо ниво кој се одржува еднаш годишно во една од петнаесетте земји членки на Конситуенцата, и во Скопје и Охрид ќе пристигнат директори на ММФ и на Светска Банка, како и министрите и гувернерите на народните банки на сите 15 земји членки од Ерменија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Израел, Кипар, Луксембург, Молдавија, Романија, Северна Македонија, Украина, Холандија, Хрватска и Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот