Успешен со репрезентацијата и си доби бесплатен бурек до крајот на животот!

Фото: EPA/YURI KOCHETKOV

Дефинитивно селекторот на фудбалската репрезентација на Словенија Матјаж Кек не мора да се грижи за доручекот..

Заедно со своите помошници добија еден убав подарок поради одличните игри на неговата селекција во УЕФА Лигата на нации – бесплатен бурек до крајот на животот.

Словенците во Лигата „Ц“ од Лигата на нации забележаа четири победи и двапати ремизираа што им донесе учество во повисок ранг од натпреварувањето, а после мечот со Грција изминатата среда (0:0) на адреда на Кек дојде порака од една тамошна позната бурекџилница „Бурек Олимпија“ која е инаку и спонзор на националната репрезентација.

– Господине Кек, браво за заживувањето на националниот тим и вашите комуникациски вештини. Кај нас имате доживотен бесплатен бурек – се наведува во пораката објавена на Фејсбук.

Кек седна на селекторската клупа на Словенците во 2018 година, откако помина пет години во Риека со која беше хрватски шампион. Исто така ја водеше и Црвена звезда кога Миодраг Гроф Божовиќ го напушти клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот